Шаќири во Албанија, Фазли во Швајцарија
Нашите фудбалски тренери ретко наоѓаат странски ангажмани, па не треба да се прескокне информацијата дека Артим Шаќири е нов стратег на Кукеши. Албанскиот тим лани беше второпласиран во лигата, а во оваа сезона има шампионски амбиции.
Последното тренерско работно место на Шаќири беше во Шкендија, клубот во којшто се зборуваше дека во овој преоден рок ќе се засили со Самир Фазли. Сепак, нашиот повремен репрезентативец потпиша тригодишен договор со швајцарскиот второлигаш Вил.