Српските студентите го блокираа влезот на зградата на јавниот сервис РТС во Белград
Обвинуваат дека државниот медиум ја фаворизира владата на Вучиќ...

Српските студентите го блокираа влезот на зградата на јавниот сервис РТС во Белград со барање за распишување нов конкурс за регулатор на електронски медиум или гаснење на телевизијата. Обвинуваат дека државниот медиум ја фаворизира владата на Вучиќ.
„Тука сум да ги поддржам студентите во нивното барање веднаш да се формира регулаторно тело за електронски медиуми. РТС е пристрасен и мораме да се бориме за основните права“, изјави Дивна Пескир, демонстрантка.
РТС јавно побара блокадите да прекинат, наведувајќи дека блокирањето на објектите и спречувањето на вработените да ја вршат работата се неприфатлив притисок врз медиумите на кои граѓаните со години покажуваат најголема доверба. Иста блокада и протести беа организирани и пред РТВ во Нови Сад.
