Украина

Трамп: За војната и милиони жртви виновни се тројца

15.04.2025 08:46

Војната меѓу Русија и Украина е војна на Бајден, а не моја-изјави шефот на Белата куќа, обвинувајќи дека за смртта на милиони луѓе се виновни три лица.

„Јас не бев тука кога таа војна започна, таа никогаш не требаше ни да се случи. Бајден можеше да ја запре, Зеленски можеше да ја спречи и Путин никогаш не требаше да ја започне. Сите се виновни“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Продолжија и обвинувањата на релација Москва-Киев. Русија тврди има докази дека во објектот кој беше погоден од руските ракети во Суми се одржувал состанок меѓу украинските воени лидери и западните колеги, посочувајќи го НАТО како директно одговорен. Киев пак, обвинува за учеството на кинески војници на фронтот кои се борат на страната на Русија.

„Имаме докази за тоа кој бил во објектот што беше погоден во Суми. Таму имаше уште еден собир на украински воени команданти со нивните западни колеги-под маската на платеници. Војници од земјите на НАТО се таму, сите го знаат тоа, и тие се директно одговорни“, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

Истражителите на Службата за безбедност на Украина веќе ги изврши првите сослушувања и можеме да го констатираме фактот дека и двајцата државјани на Кина се приклучиле на руските вооружени сили со потпишување на соодветните договори“, изјави Артем Дехтијаренко, портпарол на Службата за безбедност на Украина.

Додека војната се разгорува, Зеленски уште еднаш го повика светот да изврши притисок врз Русија.