Велика Британија
Бирмингем се гуши во смет, комуналците во штрајк
15.04.2025 08:47
Жителите стравуваат од локална здравствена криза...

Неподнослива миризба од купови смет се шири низ британскиот град Бирмингем додека шеста недела по ред продолжува штрајкот на комуналните работници кои бараат повисоки плати. Жителите стравуваат од локална здравствена криза.
„Мора да го средат ова што е можно поскоро. Имаме и огромно зголемување на бројот на стаорци и глувци дури и во станбените куќи. Навистина е фрустрирачки“, изјави Наима Кан, жител.
Градскиот совет синоќа на синдикатот му даде понуда за плати, но таа беше одбиена од мнозинството членови. Нови разговори се најавени за в среда.
