ЦУК

ЦУК: Камион-цистерна удрил во карпи пред патарината кај Велес

15.04.2025 08:52

Центарот за управување со кризи информира дека на патот Скопје – Велес има одрон, што било пријавено вчера доцна попладне...

Центарот за управување со кризи информира дека на патот Скопје – Велес има одрон, што било пријавено вчера доцна попладне.

Конкретно, добиена е пријава од лице кое патувало од Скопје кон Велес, дека пред патарината кај Велес камион – цистерна удрил на карпите и има одрони на пат, што претставуваат опасност.

За ова веднаш известена ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за нивна понатамошна постапка, по што е и постапено“, соопшти ЦУК.

 

 

Фото: Архива