Одбележување на Светскиот ден на уметноста со настанот „Центарски улици 3“
На „Центарски улици 3 – Светски ден на уметноста“ ќе имате можност одблизу да видите голем број на уметности кои широко ќе ја распостелат својата креативност долж улица Македонија...

На улица „Македонија“ денеска со почеток од 17 часот, Светскиот ден на уметноста ќе се одбележи со настанот „Центарски улици 3“.
На „Центарски улици 3 – Светски ден на уметноста“ ќе имате можност одблизу да видите голем број на уметности кои широко ќе ја распостелат својата креативност долж улица Македонија.
Ќе настап улични живи статуи од продукцијата Театроск, во живо ќе сликаат учениците од Државното средно училиште Лазар Личеноски, ќе има и ДЏ Сетови, ќе се одигра кореодрамата „Самоти(и)ја“ со Енџи Николоска и Бојан Лазаров, а ќе се случи и подвижниот акт именуван „ЗАЕДНО“ кој ќе се создаде на работилницата на пантомима и уличен театар, акт кој е поддржан од Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија (ЕУ за тебе).
