Велешани го одбележаа „Свети Пантелејмон“- заштитникот на градот

10.08.2014 16:36

Велешани му оддадоа почит на светецот и заштитник на градот, „Свети Пантелејмон“. Неговиот храм, дело на врвниот неимар Андреа Дамјанов беше преполн со верници кои запалија свеќи и се поклонија пред заштитникот...

Со запалена свеќа и искажана молитва велешани вчеравечер му се поклонија на заштитникот на градот, светецот Пантелејмон. Храмот кој во негова чест го изгади неимарот Андреја Дамјанов, ширум ги отвори вратите за  да се соедини  со верниците, кои уште еднаш ја почуствуваа   духовната поврзаност со својот исцелител.

На Пантелејмон нетреба да гледаме само како  на исцелител, туку тој треба да биде пример за правилно христијанско однесување.

Со секој нов храм верниците се се поблиску до бога, затоа во Велес и понатаму ќе се градат божји куќи.

„Се гради црквата Св.Кузман и Дамјан во кругот на болницата, започна со градба и еве веќе е во својата завршница соборниот храм Св. Кирил и Методиј, се изгради црква во Отовица, а најновите заложби на Општината се да се започне со изградба на црквата во нова населба“, рече градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.

Овогодинешното чествување на заштитникот на градот е посветено на десетгодишното постоење на градскиот црковен хор кој го носи името на патронот.

 

Дијана Иванова