Трамп: Иран мора да се ослободи од концептот на нуклеарно оружје
Во меѓувреме, воздушните напади низ енклавата продолжуваат, додека хуманитарната ситуација станува се полоша...

Барањето на Израел за разоружување на Хамас е неприфатливо-соопшти милитантната група која го разгледува најновиот предлог на Тел Авив за прекин на огнот во Газа. Најавија дека наскоро и официјално ќе одговорат. Во меѓувреме, воздушните напади низ енклавата продолжуваат, додека хуманитарната ситуација станува се полоша.
Вториот круг преговори меѓу Иран и САД за брзо напредувачката нуклеарна програма на Техеран ќе се одржи в сабота, но најверојатно не во Оман-соопшти иранскиот министер за надворешни работи. Потврда за продолжените разговори пристигна и од Вашингтон. Оттаму остануваат на ставот дека Иран мора да се ослободи од концептот на нуклеарно оружје или во спротивно ќе се соочат со воен удар.
„Иран мора да се ослободи од концептот на нуклеарно оружје. И ако треба да направиме нешто многу сурово, ќе го сториме тоа. Нема да го направам поради мене ова, туку поради светот. Тие се радикализирани луѓе и не смеат да имаат нуклеарно оружје“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
„Сè додека јазикот на санкции, притисоци, закани и заплашувања продолжува, директни преговори нема да има. Следните разговори веројатно ќе се одржат некаде надвор од Оман“, изјави Исмаил Багаи, портпарол на иранското Министерство за надворешни работи.
