Царини
Вашингтон најави можно паузирање на тарифите за увоз на автомобили
15.04.2025 10:57
Вашингтон најави дека може привремено да ги прекине тарифите за увоз на автомобили за да им остави повеќе време на производителите да ги прилагодат своите синџири за снабдување...

Вашингтон најави можно привремено паузирање на тарифите за увоз на автомобили, со цел да им се остави повеќе време на производителите да ги прилагодат своите синџири за снабдување.
Трамп изјави дека не се откажува од своите намери, но останува флексибилен.
Во истовреме, Кина почна дипломатска офанзива во Југоисточна Азија по трговските тензии со САД, повикувајќи го Виетнам на обединета и координирана борба против трговскиот притисок од Вашингтон.
