Барселона би можела да се врати на „Камп Ноу“ во септември

15.04.2025 11:26

Реконструкцијата на „Камп Ноу“ започна во 2023 година. Оттогаш, Каталонците своите домашни натпревари ги играат на „Олимпискиот стадион“ во Барселона, кој има капацитет од 56.000 гледачи.

Објавен е веројатниот датум за враќање на Барселона на стадионот „Камп Ноу“. Клубот очекува да ја заврши реконструкцијата во септември оваа година. Капацитетот на стадионот по завршувањето на сите процеси се очекува да биде 105 илјади гледачи.

Реконструкцијата на „Камп Ноу“ започна во 2023 година. Оттогаш, Каталонците своите домашни натпревари ги играат на „Олимпискиот стадион“ во Барселона, кој има капацитет од 56.000 гледачи.

По 31 коло, Барселона води во Ла Лига со 70 бодови, четири бода повеќе од Реал Мадрид.