здравје

Кисело млекo, исклучително корисна намирница

15.04.2025 12:31

Киселото млеко е богато со хранливи материи кои се наоѓаат и во обичното млеко, но неговата особеност и предност е што вредноста на овие состојки се зголемува преку процесот на ферментација. Киселото млеко не е само ризница на протеини и липиди, туку и бројни витамини и добри бактерии...

Киселото млеко е исклучително корисна намирница која ја нормализира активноста на органите за варење, го подобрува имунитетот, помага да се ,,соберат” и исфрлаат токсини од телото и го стимулират метаболизмот.

Киселото млеко е богато со хранливи материи кои се наоѓаат и во обичното млеко, но неговата особеност и предност е што вредноста на овие состојки се зголемува преку процесот на ферментација. Киселото млеко не е само ризница на протеини и липиди, туку и бројни витамини и добри бактерии.

Киселото млеко содржи хранливи материи како протеини, масти, витамини и минерали.

Киселото млеко добива дополнителни придобивки од ферментацијата, кои првенствено се однесуваат на пробиотиците.

Киселото млеко има ниска содржина на лактоза и малку калории.

Во споредба со сирењето, путерот, маргаринот или некои полномасни видови јогурт, киселото млеко има значително помалку калории. Производот со помала содржина на маснотии е добар за луѓе со прекумерна тежина или за тие коишто се на некој режим на исхрана.