Мандатарот Мацут го изнесе експозето и составот на новата српска Влада
Мандатарот за состав на новата влада Ѓуро Мацут повика денеска во Собранието на итен дијалог со сите актери во високото образование, вклучувајќи ги сите ректори, проректори, декани и сите студенти, со цел преку дијалог да се изнајдат прифатливи решенија и да се овозможи продолжување на универзитетската работа, додавајќи дека мора да се знае кој е ученик, кој студент, а кој професор...

Мандатарот за состав на новата влада Ѓуро Мацут повика денеска во Собранието на итен дијалог со сите актери во високото образование, вклучувајќи ги сите ректори, проректори, декани и сите студенти, со цел преку дијалог да се изнајдат прифатливи решенија и да се овозможи продолжување на универзитетската работа, додавајќи дека мора да се знае кој е ученик, кој студент, а кој професор.
„Протестите и незадоволството се природна поделба на младите, но не и блокади, скратување на правото на другите да работат и да живеат нормално. Кога ги негираш правата на другите, стануваш узурпатор на туѓите слободи. Функционирањето на училиштата и системот се мој прв приоритет. Барам итност на акцијата, бидејќи Србија не може да чека бесконечно“, изјави Ѓуро Мацут, мандатар за српска Влада.
Тој истакна дека бара поддршка од пратениците да започне национален дијалог за дефинирање на состојбата во српското образование и наука и дека ќе предложи високото образование да се издвои од Министерството за образование во Министерството за наука.
Тој ги наведе предлозите за министри во Владата од кои Дачиќ, Мали, Глишиќ, Ѓуриќ Стаменковска од Заветници, Ненад Поповиќ ги задржаа истите министерски места додека нови имиња се професорот Дејан Вук Станковиќ во образованието, Александар Софрониевиќ во градежништвото, Ненад Вујиќ во правда, Драган Гламочиќ во земјоделието, Борис Братина за медиумите, додека Вулин повеќе нема да биде министер.
Од Белград за МТВ известува Оливер Бранковиќ