Каква е состојбата со поранешните јавни објекти во Куманово?
Куманово не успеа да ги задржи и да ги обнови некогашните култни објекти кои, освен основната намена, беа ширум отворени и за разни активности на граѓаните. Нерешената сопственост ги остави на забот на времето и на носталгијата - Домот на Армијата, Пионерскиот и Пензионерскиот дом...

Некогашниот Дом на Армијата во Куманово беше место каде што се одвиваше активен културен , спортски и забавен живот.Овој објект не беше наменет само за војниците , туку беше отоврен и за сите оние кои сакаа да уживаат во најубавата летна бавча со музика каде на времето се запознаваа младите, а се раѓаа и љубовни врски, велат поупатените кумановци.
„Во домот на Армијата немаше само музика, туку имаше и други активности. Се играше шах, пинг-понг, имаше библиотека со богата литература, беше организиран животот во домот и на располагање на сите.“
„Иако сум помлад се сеќавам дека беше многу средено внатре и секогаш беше исполнеето од посетители. Треба да се најде решение за Домот на армијата, а не остане во ваква состојба“, велат граѓаните кои го посетувале Домот.
Од локалната самоупрва информираа дека овој објект не е под надлежност на Општината.Има најава тој да се пренамени и искористи за потребите на Градскиот Архив и подрачното Министерство за земјоделство.
Во малку подобра состојба е некогашниот Дом на пионерите , кој подоцна фунцкионираше како Центар за детско творештво.
„За децата имаше играорна секција, имаше некои ликовни секции, часови по странски јазици. Што се случи и зошто сето ова згасна не знам.“
„Се сеќавам дека беше многу весело распеано од деца каде што се дружеа ,твореа.Со задоволство ги остававме и знавме дека таму се на сигурно. Се надевам ќе се најде решение за овој дом за деца“, додаваат кумановци.
Во транзицијата најголем дел од овие институции беа оставени на забот на времето ,не обновени и нефункционални.
Во некогашниот Дом на пионерите во Куманово, еден дел е издаден на приватни лица, а останатите простории се очекува да бидат адаптирани за отварање на Факултет за градежништво и геодезија.
Во голем број градови во државата бивште општествени институции добија пренамени и работат во интерес на заедницата.И кумановци очекуваат овие објекти да се вратат во употреба и да зажиеват.
Габриела Димковиќ
