МВР

Приведени 13 албански државјани во Охрид – работеле без работна дозвола и одобрение за престој

15.04.2025 18:13

Вчера во близина на хотелски комплекс на улицата „Наум Охридски“ во Охрид, полицијата приведе 13 албански државјани кои биле затекнати како работат на диво на градежен објект без да поседуваат било каква дозвола...

Вчера во близина на хотелски комплекс на улицата „Наум Охридски“ во Охрид, полицијата приведе 13 албански државјани кои биле затекнати како работат на диво на градежен објект без да поседуваат било каква дозвола.

Од преземените мерки, констатирано е дека тие, истиот ден, легално влегле во државата но не поседувале никаков документ ниту одобрение и дозвола за привремен престој по основ на работа, согласно член 80 од Законот за странци.

Тие немале ни сертификати кои биле обврзани да ги поседуваат согласно со предвидените норми за имплементацијата на Законот за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан. По целосно документирање на настанот, Регионалниот центар „Запад“, ќе поднесе соодветна пријава, информираат од МВР.

 

Фото: Архива