Штип

Компаниите презентираа можности за работа и кариера пред студентите на УГД

15.04.2025 17:20

Универзитетите да креираат квалитетни студиски програми според потребите на реалниот сектор, а компаниите да креираат добро платени работни места и можност за кариерен напредок. Ова се условите кои би го намалил одливот на високо стручни кадри од државата. Денес имаше кариерен ден на УГД.

Над 40 компании ги презентираа пред студентите на УГД можностите за вработување и кариерен напредок. Соработката меѓу универзитетот и компаниите резултира со поголеми можности за стажирање и вработување на студентите

Од Стопанската комора апелираат – студиските програми треба да се креираат според потребите на стопанството

На кариерниот ден на УГД беше кажано дека одливот на високо стручен кадар ќе се намали со зголемени можности за кариерен развој овде и со квалитетно средно и високо образование.

 

Славица Величковска