Регион

Косовскиот премиер Курти поднесе оставка

15.04.2025 14:34

Согласно законот, оние кои добиваат мандат за пратеници и истовремено имаат функции во Владата на Косово, како премиер, вицепремиер, министер или заменик министер, мора да поднесат оставка од владината функција...

Косовскиот премиер Албин Курти поднесе оставка. Согласно законот, оние кои добиваат мандат за пратеници и истовремено имаат функции во Владата на Косово, како премиер, вицепремиер, министер или заменик министер, мора да поднесат оставка од владината функција.

Конститутивната седница на Собранието на Косово беше прекината откако не беше усвоен извештајот на Kомисијата за верификација на пратеничките мандати.

Самоопределување на Курти доби 48 пратеници на неодамнешните парламентарни избори, за мнозинство од 61 пратеник ќе мора да бара коалициони партнери меѓу партиите на малцинствата.