Полициска службеничка на СВР Куманово го оштетила буџетот, издавала регистарски таблички без да изврши наплата
Вработена во СВР Куманово како референт во Одделението за управни работи од 11.01.2024 до 19.12.2024 година примала барања и документи за регистрација на возила, издавала регистарски таблички без да изврши наплата...

Вработена во Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово како референт во Одделението за управни работи од 11.01.2024 до 19.12.2024 година примала барања и документи за регистрација на возила, издавала регистарски таблички без да изврши наплата, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР) посочувајќи дека со ова кривично дело е нанесена штета од 417.500 денари или речиси седум илјади евра.
Против вработената во СВР Куманово е поднесен и предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.
На вработената и е изречена мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.