Македонија

Народниот правобранител Зибери го презентираше годишниот извештај за човековите права

15.04.2025 17:45

Лани граѓаните се жалеле и за нарушување на нивните право во областа на образованието, работничките права, тешкотиите во остварувањето на социјалната помош, како и поради нехуманите услови во казнено поправните домови...

Граѓаните најмногу се жалеле од повреда на нивните права од јавните служби, од централната и локалната власт – нотирано е во извештајот на Народниот правобранител за 2024 год. Претставките од областа на граѓанската состојба се однесуваат на издавање на личните документи, откако лани помина нивната важност со старото име на државата. Во таквата состојба се јавија многу т.н. фантоми, лица кои во одреден период не поседуваа лични документи-вели Зибери.

Во областа на правосудството, народниот правобранител меѓу другото ја посочи одлуката на Уставниот суд за укинување на балансерот при вработувањето. Апелираше таа празнина што поскоро да се пополни.

Според Зибери, лани граѓаните се жалеле и за нарушување на нивните право во областа на образованието, работничките права, тешкотиите во остварувањето на социјалната помош, како и поради нехуманите услови во казнено поправните домови.

Народниот правобранител постапувал по вкупно 3.148 претставки во 2024 година.

 

Марина Стојанова - Тонева