Одбиена иницијативата за надзорна расправа за пожарот во Кочани
За пратениците од владејачкото мнозинство, оваа иницијатива е политичко профитерство и некрофилилија врз грбот на настраданите и нивните семејства. Откако ќе заврши истрагата, тогаш може да се размислува за формирање анкетна комисија...

Во собраниската Комисија за политички систем не помина предлог-иницијативата за свикување надзорна расправа за трагедијата во Кочани, поднесена од пратениците на Европскиот фронт. Поддршка им дадоа само пратениците од коалицијата на СДСМ. Според нив, расправата е неопходна за да се расветли вистината и конечно да се пронајдат одговорните лица за оваа трагедија.
За пратениците од владејачкото мнозинство, оваа иницијатива е политичко профитерство и некрофилилија врз грбот на настраданите и нивните семејства. Откако ќе заврши истрагата, тогаш може да се размислува за формирање анкетна комисија, која ќе ги истражува и другите несреќи што се случија во минатите пет години.
За трагедијата во Кочани, ДУИ побара да се формира анкетна комисија во која ќе има и набљудувачи од ОБСЕ, ЕУ и САД, но тоа беше одбиено од другите политички партии.
Игор Панов
