Кривичен Суд

Ново рочиште за двојното убиството на Вања и Панче

16.04.2025 08:10

Ново рочиште за убиството на Вања и Панче, на кое треба да продолжи исказот на првообвинетиот Љупчо Палевски. Тој негира одговорност за двојното убиство, нагласувајќи дека времињата и фактите наведени во обвинението не се совпаѓаат со реалноста....

Ново рочиште за убиството на Вања и Панче, на кое треба да продолжи исказот на првообвинетиот Љупчо Палевски. Тој негира одговорност за двојното убиство, нагласувајќи дека времињата и фактите наведени во обвинението не се совпаѓаат со реалноста.

Посочи дека поседувал двесте илјади снимени разговори и доколку сакал да реализира какво било користољубие, можел да уценува милијардери, но тоа не го направил.

Палевски рече дека не само што не го извршил двојното убиство, туку и дека нема ни мотив за такво злосторство.