Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди
16.04.2025 08:15
Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
