Српските студенти триумфално дочекани во Стразбур
Со обиколка на европските институции сакаат да го привлечат вниманието на ЕУ за нивните повеќемесечни протести, за како што велат, против корупцијата во нивната земја...

По 13 дена пат и изминати 1.300 километри со велосипеди, српските студенти кои велат дека нивната борба за правда е занемарена во поголемиот дел од Европа, триумфално дочекани во центарот на Стразбур. Со обиколка на европските институции сакаат да го привлечат вниманието на ЕУ за нивните повеќемесечни протести, за како што велат, против корупцијата во нивната земја.
„Се надевам дека секој човек може да го почувствува она како што ние денес го чувствувам“, изјави студент.
„Историските книги дефинитивно ќе имаат поглавје за нас. И се надевам дека, за нашата ситуација во Србија, ова ќе биде пресвртната точка“, изјави студент.
Студентите денеска ќе се соберат пред Советот на Европа, каде со 16-минутна тишина ќе им оддадат почит на настрадани во Нови Сад, а потоа ќе го посетат и Европскиот парламент.
