Eден месец од трагедијата во Кочани, уапсени уште 7 полициски службеници
Во предистражната постапка за пожарот во „Пулс“, уапсени уште 7 полициски службеници. МВР им поднесе кривични пријави. Во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка...

Eден месец од трагедијата во Кочани. Во предистражната постапка за пожарот во „Пулс“, уапсени уште 7 полициски службеници. МВР им поднесе кривични пријави. Во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка. За тешки дела против општата сигурност осомничени се 52 физички и 3 правни лица.
Обвинителството за организиран криминал и корупција сомничи 7 полициски службеници. Со истрагата опфатени се поранешни и актуелни министри, тројца екс-градоначалници на Кочани, директори на Дирекцијата за заштита и спасување, инспектори во Пазарниот инспекторат, членови на обезбедувањето.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16-ти март загинаа 59 лица, а уште двајца повредени подоцна им подлегнаа на повредите. Повредени беа околу 200-те лица.
