Закажуваат и не одат на лекар- единствен проблем на „Мој термин“
Единстевениот проблем во проектот „Мој термин“ е што голем број од пациентите кои имаат закажано не се појавуваат и не го откажуваат терминот. Докторите од скопските Поликлиники со најмногу прегледани пациенти. Во сите здравствени установи низ државата пацинетите преку „Мој термин“ биле примени 15 минути порано или со просечно закаснување од 10 минути после закажаниот термин. Комисијата ги проверила и докторите кои дневно препраќале по околу 50 пациенти на повисоко на ниво...

Комисија ги проверила матичните доктори со најголем број издадени упати во еден ден. Утврдила дека една третина се поради препишување и продолжување на терапија на хронични пациенти. Од четирите случаи, два се од Крива Паланка.
„Комисијата предложи формирање на посебна амбуланта во рамки на Здравствен дом Крива Паланка, која ќе биде наменета за препишување на терапија, за да се растеретат специјалистите од термини за препишување терапија, односно да се ослободат термини за пациенти на кои им е неопходна конкретна здравствена услуга/интервенција. Се предлага и интернисти од здравствените установи од други населени места да доаѓаат во Здравствен дом Крива Паланка“, вели Милан Аризанкоски, проект-менаџер на националниот систем за закажување прегледи „Мој термин“.
Анализата на фондот покажала дека докторите од скопските поликлиники прегледале најмногу пациенти. На ниво на целата држава преку „Мој термин“ најчесто биле примени во закажаното време.
Единстевн проблем во проектот „Мој термин“ е тоа што оние пациенти коишто неможеле да се појават не го откажувале прегледот, за месец јули- 29 илјади пациенти не дошле на закажаниот термин.
Фондот апелира доколку не може некој да присуствува на преглед истиот да го откаже бидејќи се создава нереална листа на чекање.
„Пример имаме пациентка на 74 годишна возраст од струмица која не дошла на 27 закажани прегледи“, додава Аризанкоски.
Најголем број на прегледани пациенти во текот на месец јули има во Клиничкиот центар во Битола, по него следува Клиничкиот центар во Тетово, па Болницата во Прилеп.
Ана Јосифоска- Тодоровска
