Блиски Исток

Хамас притиснат по одбивање на предлогот од Израел

16.04.2025 09:19

Нетанјаху, кој го посети северот на Газа, се закани дека ќе го зголеми притисокот врз Хамас до нивно целосно уништување, откако групата го одби предлогот за прекин на огнот во замена за нивно разоружување...

Хамас соопшти дека изгубил контакт со групата што чувала американско-израелски заложник откако Израел почнал директни бомбардирања врз областа каде што бил заробен. Нетанјаху, кој го посети северот на Газа, се закани дека ќе го зголеми притисокот врз Хамас до нивно целосно уништување, откако групата го одби предлогот за прекин на огнот во замена за нивно разоружување.

„Војската врши одлична работа во Газа, го удира непријателот-и Хамас ќе трпи се повеќе и повеќе удари. Инсистираме да ги ослободат сите наши заложници и да ги постигнеме сите наши воени цели“, изјави Бенјамин Нетанјаху – премиер на Израел.

Истовремено, ОН предупредуваат дека и покрај кревкото примирје со Хезболах, Израел ги продолжува воените операции во Либан.