САД

Вооружен инцидент во училиште во Далас

16.04.2025 09:47

Четворица се ранети и пренесени во болница откако 17-годишен ученик отворил оган во средно училиште во Далас, во Тексас...

Најмалку четворица се ранети и пренесени во болница откако 17-годишен ученик отворил оган во средно училиште во Далас, во Тексас. Полицијата соопшти дека осомничениот е иднетификуван и дека по него се уште се трага. Засега мотивот за нападот е непознат, истрагата е во тек.

„Истрагата се спроведува непречено. Имавме четворица повредени кои се хоспитализирани.. Знаеме дека пиштолот не поминал преку редовниот влез така што нема пропусти од нашите служби и протоколи“, изјави Кристина Смит - помошник началник на полицијата, Далас.

Во моментот на инцидентот во објектот биле околу 900 деца.