Кос: Никој не може да гарантира дека нема да има блокади по прифаќање на уставни измени
Никој не може да и даде гаранции на Македонија дека ако го смени Уставот, повеќе нема да има пречки на европскиот пат – ова го изјави еврокомесарката за проширување, Марта Кос ...

Никој не може да и даде гаранции на Македонија дека ако го смени Уставот, повеќе нема да има пречки на европскиот пат – ова го изјави еврокомесарката за проширување, Марта Кос во интервју за европската новинска редакција.
Таа вели оти е разбирливо што Скопје бара гаранции, и очекува, сите земји-членки на ЕУ кога има билатерални прашања да ги водат разговорите со добра волја и со визија да се стигне до компромис.
Кос тврди дека работи на тоа, да и помогне на земјава да ги почне преговорите со кластери и оти е лично ангажирана околу билатералното прашање со Бугарија, иако признава дека е лошо кога билатерални прашања се мешаат во пристапниот процес.
