Партии

На локалните избори Алијанса за Албанците оди со свои листи за советници

16.04.2025 10:05

Таравари потврди дека остануваат во коалицијата „Вреди“ и дека самостојниот настап на локалните избори не е причина ниту да ја напуштат Владата.

Алијанса за Албанците на Таравари, на локалните избори во октомври ќе оди со свои советнички листи. Таравари потврди дека остануваат во коалицијата „Вреди“ и дека самостојниот настап на локалните избори не е причина ниту да ја напуштат Владата.

„Алијанса за Албанците дефинитивно во сите општини ќе излезе со сопствена листа за советници, мислам на општините каде што се натпреваруваат Албанците, во западниот дел од државата и Алијанса за Албанците од почетокот на мај почнува на терен да ги формира своите штабови и да комуницира со политичкиот актив“, кажа Таравари.

Одговарајќи на новинарско прашање околу натамошната партиципација во коалицијата „Вреди“, Таравари рече дека не излегуваат од коалицијата.

„Ние излегуваме со наши листи, ова е нашиот заклучок. Ние мора да излеземе со наши советнички листи, така одлучивме, а за соработка ние сме и така во Влен, нема што да излегуваме од Влен“, нагчаси Таравари.