Двојно убиство

Одложено е денешното рочиште за убиството на Вања и Панче

16.04.2025 10:58

Адвокатот Страшевски го известил судот дека не може да присуствува на денешното рочиште од здравствени причини. Поради тоа судот ги отповикал наредбите за спровод од затвор на обвинетите...

Откажано е денешното рочиште на кое првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, требаше да продолжи да одговара на прашања од неговиот адвокат Јовица Страшевски.

Адвокатот Страшевски го известил судот дека не може да присуствува на денешното рочиште од здравствени причини. Поради тоа судот ги отповикал наредбите за спровод од затвор на обвинетите Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски, како и на Александар Ѓорчевски од куќен притвор. Расправите требаше да завршат до крајот на месец мај, а веќе во јуни да може да се донесе пресуда. Одложувањето на рочиштата од која било причина ќе го успорат процесот.

Палевски претходно имаше двајца адвокати, но еден од нив, Маријан Витанов, се откажа. Остана Страшевски.

Во текот на денот судот ќе извести за кога е закажано следното рочиште.