Дипломатија

Муцунски на средба со шефот на дипломатијата на Обединетите Арапски Емирати

16.04.2025 11:18

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во рамки на официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати остварил средба со шефот на дипломатијата на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во рамки на официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати остварил средба со шефот на дипломатијата на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан.

„На средбата ги потврдивме добрите билатерални односи и конструктивната соработка меѓу двете земји, а разговаравме и за унапредување на политичкиот дијалог и економската соработка. Во оваа насока, во име на Владата, потпишав два меморандуми – за економска соработка и за соработка помеѓу дипломатските академии на двете министерства за надворешни работи“, објави министерот Муцунски на неговиот фејсбук-профил.

На средбата биле разменети мислења и за актуелните геополитички случувања во светот, а била нагласена важноста од интензивирање на контактите меѓу бизнис-заедниците и стопанските комори на двете земји, со цел поголема економска поврзаност и реализација на нови инвестиции.