Нови инвестиции од Обединетите Арапски Емирати
Потпишавме неколку договори за економска соработка. Очекувам дека во брзо време ќе видиме инвестиции од Обединетите Арапски Емирати во Македонија, истакна вицепремиерот Александар Николоски, кој е дел од владината делегација...

Владината делегација ја продолжува посетата во Обединетите Арапски Емирати. Потпишавме неколку договори за економска соработка. Очекувам дека во брзо време ќе видиме инвестиции од Обединетите Арапски Емирати во Македонија, истакна вицепремиерот Александар Николоски, кој е дел од владината делегација.
Според Николски, особено е важно тоа што Дубаи станува центар за извозот кон истокот, а тоа е одлична можност за домашно извозните компании да ја користат помошта и логистиката што ја нуди владата.
Министрите за надворешни работи потпишаа договор за економска соработка, исто така има договор и во образованието и културата, како и договор за заштита на инвеститорите и одбегнување на двојното оданочување.
