Вардар и Црвена ѕвезда вечерва на хуманитарен натпревар за поддршка на Кочани
16.04.2025 12:26
Натпреварот има хуманитарен карактер и сите собрани средства ќе се донираат на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани…
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар вечерва во Скопје ќе му биде домаќин на поранешниот европски и светски првак Црвена ѕвезда во хуманитарен натпревар од кој целиот приход ќе биде дониран за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани, во која загинаа 61 лице.
Натпреварот ќе може да го проследат и оние кои нема да бидат во можност да присуствуваат на стадионот во Скопје. Преносот на МРТ1 започнува во 19:55.
Билетите се продаваат по цена од 100 и 200 денари, а на трибините се очекува да има над 20.000 гледачи.
