Психолози: Реакцијата на најблиските клучна за спречување на самоубиствата
Последниве месеци зачестија самоубиствата во Македонија. Сепак статистиката на МВР вели дека се намалени за 10-тина насто споредено со лани. Психолози за МТВ анализираат дека клучно за да се спречат вакви случаи е соодветната реакција на најблиските, доколку забележат несекојдневно однесување...

Душевната болка, лошата социо-економска ситуација, или семејните проблеми – се најчестите причини за да се посегне по сопствениот живот. Секое самоубиствоили убиство има своја трагична приказна – велат психолозите. Овие луѓе се во длабок очај, не гледаат друго решение.Истото се случува и со луѓето кои прво го одземаат животот на саканата, а потоа и својот.
„Заедничко е тоа што личноста доживува длабок очај и неможност да се справи со стресот и со ситуацијата во која што се наоѓа... Нема доволно вештини и сили за да го преброди тоа и сакајќи според некои психолошки теории да го уништи делот што неможе да го разреши , се посигнува и се уништува сам себеси-целата личност“, смета Мирјана Јовановска-Стојановска – психолог.
Според податоците на полицијата годишно по 100-тина луѓе се обидуваат да си го одзмат животот. Само во првата половина од оваа година 68 луѓе се самоубиле, а 92-ца се обиделе да се убијат.
„Во однос на минатата година бројот на самоубиства или обиди е намален и тоа бројот на самоубиства за 10,5 насто, додека бројот на обиди за самоубиства за 14 насто. Најчести причини биле нервно растројство,болести и семејни недоразбирања“, Дејана Недељковиќ од секторот за односи со јавност на МВР.
Превенцијата е во рацете на здравствените работници или семејството. Да не ги тргаме погледите од тие луѓе, туку да ги упатиме каде што некој може да им помогне - велат психолозите.
„Ако приметиме кај некој близок такви реакции или претходно посегнале по својот живот, испиле апчиња.. да не ги земеме тукутака. За сериозно и да им помогнеме или барем да и ги упатиме некаде каде некој може да им помогне.Зашто тие не се во можност сами себеси да си помогнат“, додава психологот Мирјана Јовановска-Стојановска.
Никогаш не ја губете вербата во себе, секогаш постои решение да се надминат проблемите. Бидете оптимисти во животот за се има лек- велат психолизите.
Наташа Гркова-Петрушевска
