Хаотична состојба во општинските служби, наследил новиот градоначалник на Кочани
По скоро еден месец како остана без градоначалник, од денес Кочани има вршител на должност со мандат до локалните избори. В.Д. градоначалникот Венко Крстевски вели дека во општинските служби затекнал хаотична состојба, а уште полошо е во комуналното претпријатие „Водовод“. Новиот градоначалник очекува помош од централната власт и општините...

Алармантна и хаотична е состојбата во локалната самоуправа во Кочани, а уште полошо е во комуналното претпријатие. Ова го изјави Венко Крстевски кој од денес официјално е в.д. градоначалник на Кочани. ЈП „Водовод“ кадровски е неекипирано и со долг од околу три милиони евра. Кочани се соочува и со недостиг на пожарникари.
Проектите започнати од претходниот градоначалник ќе бидат продолжени, но Крстевски очекува финансиска поддршка од централната власт, а од општините бара помош во инспекциски кадар.
Крстевски најави дека ќе бара начин за дислокација на депонијата, а првиот потпис како градоначалник ќе го стави на одлуката за три милиони денари помош за настраданите во несреќата во Кочани.
Славица Величковска
