Пукотница и повредени во Жеровјане

16.12.2013 16:35

Пет лица се повредени во оружената пресметка која изутрината околу 5 часот се случила во угостителскиот објект „Ловец“ во тетовско Жеровјане. Според МВР три лица физички ги нападнале и пукале во петмина, нанесувајќи им повреди.

Трагите од крв на паркингот се од застреланите кои со приватни автомобили биле пренесени во болница.

Четворица од нив, кои се од Неготино полошко, биле згрижени во гостиварската болница,  а потоа поради сериозноста на повредите, тројца се пренесени на скопска клиника.

Застрелан бил и еден тетовец, кој по приемот во тетовската клиничка болница, исто така бил префрлен во Скопје. Неофицијално се дознава дека некои од повредените се во тешка здравствена состојба.

Скудни се информациите од надлежните и сеуште не се знае за причините кои довеле до крвавиот настан, кој и од какво оружје пукал?

Додека новинарските екипи попладнево сеуште беа на терен полицијата вршеше увид во угостителскиот објект на автопатот Тетово – Гостивар. Се истражува кој ја предизвикал пресметката и кои се мотивите за неа.

Полицијата упатуваше повеќе детали да бараме во Тетовското јавно обвинителство, но таму беа затворени за било какви информации.

Автор: Зоран Јованоски

Снимател и монтажа: Даниел Евросимоски