Врачени наградите на театарскиот фестивал „5РЕ“
На сцената на велешки театар, вечерва беа доделени наградите на театарскиот фестивал „5РЕ“, кои за прв пат на ова четврто издание, беа воведени како новина....

Вечерва на затворањето на театарскиот фестивал „5РЕ“ на сцената на велешки театар беа доделени наградите, кои за прв пат беа воведени на годинашново издание.
Според жирито Александар Ивановски, Александар Ѓорѓиев и Миле Вртеоски за најдобра претстава е избрана „12“ на МНТ, режисерот на истата, Синиша Ефтимов е за најдобра режија. За женска улога е Зорица Панчиќ како Живка од „Госпоѓа министерка“ на велешки театар, а за машка улога Александар Крстиќ од театарот во Ниш, за улога во претставата „Кој се плаши од Вирцинија Вулф“.
За споредна женска улога наградата ја доби Марија Новак за „Секс, лаги и љубомора“ на охридски театар, за споредна машка Сашо Тасевски во претставата „Фамилија Адамс“ на Драмски театар.
Наградата од публиката на најдобра претстава е за „Покојник“, на Црногорско народно позориште од Подгорица.
На фестивалот беа изведени осум претстави, меѓу нив две од странство, две во придружната програма како и една детска и една филмска проекција.
Петар Печков
