Велигден
Се вапсаа велигденските јајца
17.04.2025 09:48
Пред изгрејсонце, денес на Величетврток се вапсаа велигденските јајца. Забрзуваат подготовките за најрадосниот празник-христовото воскресение. Традициите, велат во Прилеп се силни како симбол на семејното заедништво...

Пред изгрејсонце се вапсаа велигденските јајца. Најмалите беа измиени со првото црвено јајце, за здравје.
Храмовите се отворени за молитвите на верниците, за најтажниот ден – Велипеток и исчекувањето на Христовото воскресение.
Традициите се силни за поцврсто семејно заедништво.
Со вапсувањето на велигденските јајце, забрзуваат подготовките за најрадосниот празник – Велигден.
Елизабета Митреска
