Одбележување

Денеска е Велики четврток, почнува чествувањето на Велигден

17.04.2025 08:12

Православните верници денеска го одбележуваат Велики четврток, ден пред најтажниот ден во христијанството распетието на Исус спасителот, Велики петок. Ова е четвртиот ден од страсната седмица пред најголемиот христијански празник Велигден...

Православните верници денеска го одбележуваат Велики четврток, ден пред најтажниот ден во христијанството распетието на Исус спасителот, Велики петок. Ова е четвртиот ден од страсната седмица пред најголемиот христијански празник Велигден. На Велики четврток се одржала Тајната вечера, тоа е ден кога Христос упатил молитва кон отецот, а на овој ден настанало и предавството на Јуда.

На Велики четврток пред изгрејсонце според обичаите, се бојадисува првото велигденско јајце. Црвеното јајце во христијанството е симбол на Воскресението Христово.