Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

17.04.2025 08:19

Попладне променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи..

Претпладне сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога наместа ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 12 степени, а максимумот од 20 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. 

Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.