Украина

Зеленски: Договорот за минерали со САД напредува

17.04.2025 08:37

Зеленски уверува дека Украина се придржува до спогодбата и има напредок во преговорите за минерали со САД...

Украинскиот претседател реагира дека и по 36 дена откако САД понудија целосен и безусловен прекин на огнот, Русија го игнорира договореното и сè уште не ги чувствува последиците. Зеленски уверува дека Украина се придржува до спогодбата и има напредок во преговорите за минерали со САД.

„Добри резултати се постигнати од страна на украинскиот владин тим кој работи со американската страна на договорот за економско партнерство. Основните правни прашања се речиси финализирани, и ако се продолжи да се движи толку брзо и конструктивно, договорот ќе донесе економски резултати за нашите земји, Украина и Америка“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Зеленски тврди дека ќе направи се што може за да политичките одлуки за испраќање мировници во Украина се спроведат што е можно побрзо, кога ќе дојде време. На фронтот продолжуваат битките и меѓусебните обвинувања меѓу Киев и Москва.