Прилеп
Сточарите и граѓаните незадоволни од цената на јагнето
17.04.2025 11:45
Завршува откупот на јагнињата за Велигден. Сточарите незадоволни од ниската откупна цена, граѓаните од високата малопродажна. Државата мора да го поддржи сточарството кое драстично опаѓа...

Завршува откупот на јагнињата за Велигденските празници. Македонското јагне се бара на европските пазари. Сточарот Петре Димоски од Долненско има 400 овци, веќе продал 200 јагниња. Но, цената од 220 до 230 денари е ниска. Тешко може да се излезе на крај без субвенциите.
За граѓаните, пак, малопродажната цена од 650 денари па и повеќе, е висока.
Спасот за сточарството кое драстично опаѓа е државната поддршка. За субвенциониран поттик на производството.
И за сточарите и за граѓаните јагнето нема соодветна цена на трошоците и на џебот.
Елизабета Митреска
