Традиција - Велики четврток

Велики четврток - почеток на велигденските празнувања

17.04.2025 14:57

Во раните утрински часови пред изгрејсонце, според традицијата се вапсуваат првите три црвени јајца, со што започнуваат подготовките за најголемиот христијански празник Велигден. Симбол на овој празник се црвените јајца-формата го претставува гробот, а бојата – крвта на синот божји. Денес Велики четврток, се одржат литургии во црквите и храмовите ширум државата. Со утринската литургија во храмот „Св. Димитриј“ чиноначалствуваше архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан. Истекува последната недела од постот. Нутриционистите порачуваат да се внимава на внесот на храна и пијалоци за време на празничните денови...

Православните верници започнаа со подготовките за најголемиот христијански празник Велигден. Симболот на овој празник се црвените јајца. Според обичаите на Велики четврток во раните утрински часови, пред изгрејсонце, домаќинките започнуваат со вапсување на првите три јајца во црвена боја. Формата го претставува гробот на Христос, а бојата-ја означува крвта на Синот Божји.

Велики четврток е денот на тајната вечера и предавањето на Синот Божји. Голем број верници утринава ги исполнија црквите и храмовите ширум државата, каде се одржат литургии. Со утринската литургија во храмот „Свети Димитриј“, чиноначалствуваше архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.

Денес и утре се последните денови од големите велигденски пости. В недела денот кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите, се празнува со богата мрсна трпеза.

Нутриционистите препорачуваат да се внимава на внесот на храна и пијалоци за време на празничните денови. Оние кои постеле постепено да се враќаат на нормалниот начин на исхрана.

 

Александра Максимовска