УХМР
Стабилно, сончево и топло време во деновите од продолжениот празничен викенд
17.04.2025 14:45
Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд и грмежи.

Во деновите од продолжениот велигденски празничен викенд времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Само утре ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно време со локален дожд и грмежи, особено претпладне, соопшти УХМР.
Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд и грмежи.
Минималните утрински температури ќе се спуштата до пет степени, а максималните дневни ќе достигнат 26 степени.
