Обединети Арапски Емирати

Мицкоски: Голем чекор напред за македонската економија

17.04.2025 15:45

Премиерот Мицкоски со највисока оценка за посетата на Обединетите Арапски Емирати и средбите со претседателот, Шеикот Мохамед Бин Рашид ал Мактум, со бизнис-коморите и со претставници на врвни компании од оваа земја.

Голем чекор напред за македонската економија. Премиерот Мицкоски со највисока оценка за посетата на Обединетите Арапски Емирати и средбите со претседателот, Шеикот Мохамед Бин Рашид ал Мактум, со бизнис-коморите и со претставници на врвни компании од оваа земја. По долго време стагнација на односите, повторно, вели шефот на македонската влада, се воспоставува блиска непосредна соработка. Транспортот, туризмот, градежништвото, земјоделството, енергетиката се секторите кои биле во фокусот на разговорите за привлекување инвеститори.

Мицкоски најави проекти за развој на македонските туристички центри.

На средбите се разгледувале и проекти во градежништвото, за изградба на препознатливи објекти во Скопје, но и низ други градови во државава. Главен приоритет и натаму останува Чебрен и Галиште.

Во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати, министрите за надворешни работи потпишаа Меморандум за економска соработка. Добрите вести кои произлегле како резултат на оваа спогодба Мицкоски најави дека ќе ги соопшти кога ќе се врати во Македонија.

 

Викторија Милевска