Нема криза во владината коалиција по одлуката на Алијанса на Албанците, вели Касами
Нема да има криза во владината коалиција по одлуката на Алијанса на Албанците самостојно да оди на локалните изборите, оценува Биљал Касами од БЕСА. Потврди дека коалицијата ВРЕДИ нема да соработува на претстојните избори на ниедно ниво со Алијансата на Таравари. Најавува можност за зголемување на владиното мнозинство.

Алијансата на Албанците се самоисклучи од ВРЕДИ, ваков е ставот на лидерите на коалицијата по одлуката на Таравари за самостоен настап на локалните избори.
Нема да има криза во владината коалиција по одлуката на Алијанса на Албанците самостојно да оди на локалните изборите, оценува Биљал Касами од БЕСА. Потврди дека коалицијата ВРЕДИ нема да соработува на претстојните избори на ниедно ниво со Алијансата на Таравари. Најавува можност за зголемување на владиното мнозинство.
„Од друга страна веќе има понуди и барања разговори со други политички фактори во делот на опозицијата кои се подготвени да бидат дел од владиното мнозинство, така да ценам дека оваа ситуација нема да ја разниша и Владата, напротив, владиното мнозинство ќе биде уште поголемо“, вели Касами.
Прв пат во политичката историја имаме случај партија да партиципира во Владата, а истовремено да изјавува дека е подготвен да коалицира со сите останати – вели аналитичарот Фаризи.
Тој очекува до октомври партнерите во коалицијата ВРЕДИ да се постројат зад заеднички лидер и да формално да основаат една партија. Логиката на одлуката на Таравари е во коалиција со ДУИ до притисок за предвремени избори, со цел задоволување на политичките апетити. На потег е претседателот на Владата.
„Сака да настапува со ДУИ за парламентарни избори за влез на ДУИ да прават притисок на Владата за предвремени парламентарни избори. Ја користи Владата до избори. Тоа значи дека ДУИ и сите политички партии се на власт“, вели аналитичарот Љуљзим Фаризи.
За Движењето ЗНАМ е неприфатлива соработка со нереформираната ДУИ и со лица кои учествувале или се дел од организиран криминал и корупција.
„Секој којшто соработува зад отворени или затворени врати со нереформираната ДУИ за Движењето ЗНАМ е неприфатлив да биде составен дел на партнерството во коешто учествува ЗНАМ. Случувањата во ВРЕДИ се нивна внатрешна работа, а кој ќе остане како коалициски партнер во коалицијата ВРЕДИ ќе видиме понатаму, ќе покаже времето“, изјави портпаролот на партијата, Никола Мемов.
Мемов најави дека наредната недела ЗНАМ ќе донесе одлука за настап на локалните избори.
Марина Стојанова-Тонева
