Здравство

Почина Стојанче Стефанов, 62. жртва од трагедијата во Кочани

17.04.2025 17:40

Во белградскиот Воено-медицински центар 24-годишно момче им подлегна на повредите по едномесечната битка за живот. Стојанче е 62-рата жртва што ја зеде пожарот во Кочани...

62. жртва од пожарот во кочанската дискотека е 24-годишниот Стојанче Стефанов. Тој почина на Воено-медицинската академија во Белград каде што се лекуваше од првиот ден на несреќата и за цело време бил во критична состојба. Имал 27 проценти зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување на чад. на лекување во странство бил испратен од КАРИЛ.

Доктор Карталов вели, кај некои пациенти отокот на дишните патишта се појавува подоцна и се влошува состојбата.

Уште двајца повредени од пожарот кои се лекуваат во странство, се во релативно тешка здравствена состојба.

На 16 март во дискотеката „Пулс“ беа повредени 193.

Наташа Јанчиќ – Менковски