празник

Денеска е Велики Петок, најтешкиот ден во годината

18.04.2025 08:11

Подготовките за најголемиот христијански празник Велигден се одвиваат во најтажните денови од годината – страсната седмица, која ги симболизира страдањата и агонијата на Исус Христос. Денеска e Велики Петок – најтешкиот ден од седмицата пред Велигден. Според христијанското верување, Велики Петок не треба да се честита, бидејќи тоа е денот кога Исус Христос бил распнат на крстот на голгота...

Подготовките за најголемиот христијански празник Велигден се одвиваат во најтажните денови од годината – страсната седмица, која ги симболизира страдањата и агонијата на Исус Христос. Денеска e Велики Петок – најтешкиот ден од седмицата пред Велигден. Според христијанското верување, Велики Петок не треба да се честита, бидејќи тоа е денот кога Исус Христос бил распнат на крстот на голгота. Тоа е ден на голема жалост и се одбележува со строг пост.

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан утрово ќе богослужи во храмот „Света Петка“ – Црниче, а попладне во 18 часот и во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.