Временска прогноза

Променливо облачно со локални врнежи од дожд

18.04.2025 08:12

Времето денеска ќе се задржи променливо облачно, наместа нестабилно време со локален дожд и грмежи. Претпладне со сончево со умерена облачност, како и слаб до умерен југоисточен ветер...

Времето денеска ќе се задржи променливо облачно, наместа нестабилно време со локален дожд и грмежи. Претпладне со сончево со умерена облачност, како и слаб до умерен југоисточен ветер. Во попладневните часови се очекува променливо облачно време проследено со локални врнежи од дожд, а на места ќе има и појава на грмежи.

УХМР предупредува дека процесите ќе бидат поинтензивни во доцните вечерни часови и во текот на ноќта, кога на одредени локации ќе има услови за невреме со пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер.

Минималните утрински температури ќе се движат од 6 во Маврово до 13 во Скопје, а максималните дневни од 13 во Маврово и 24 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопје времето наутро ќе биде стабилно, со сонце и слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот и особено во ноќните часови, ќе има повремен дожд и грмежи, а делови од скопската котлина се изложени на ризик од појава на краткотрајно но интензивно невреме. Температурата ќе се движи од 13 до 23 степени.