Средба Трамп – Мелони
За време на состанокот Трамп зборуваше за ограничувањето на миграцијата, политика на која се усогласија и двајцата лидери...

Американскиот претседател Трамп и италијанската премиерка Мелони, изразија оптимизам во однос на решавање на трговските тензии што ги заострија односите меѓу САД и ЕУ, непосредно пред нивната средба во Белата куќа. Европската унија се соочува со увозни царини од 25% на челик, алуминиум и автомобили, како и пошироки царини на речиси сета останата стока, според трговската политика на Трамп, за која неговата администрација тврди дека ги казнува земјите што поставуваат високи бариери за американскиот извоз.
За време на состанокот Трамп зборуваше за ограничувањето на миграцијата, политика на која се усогласија и двајцата лидери.
„Имавме одлична граница пред четири години, но сега имаме граница што е уште построга“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
