Флорида

Шестмина ранети во пукање на универзитет во Флорида

18.04.2025 10:01

Според полицијата, едно лице е приведено. Очевидци велат дека млад човек вооружен со пиштол влегол во студентскиот центар, по што одекнале неколку истрели поради што учениците биле евакуирани...

Најмалку шест лица хоспитализирани откако полицијата одговорила на пукање во зградата на Студентскиот сојуз во кампусот на Државниот универзитет во Флорида во Талахаси. Според полицијата, едно лице е приведено. Очевидци велат дека млад човек вооружен со пиштол влегол во студентскиот центар, по што одекнале неколку истрели поради што учениците биле евакуирани.

На местото на настанот се испратени бројни полициски и итните служби, објави Дејли мејл.